
Цените на угостителските услуги во периодот јануари – март 2026 година во однос на истиот период лани се зголемени за 3.0 %, објави Државниот завод за статистика.
Во март годинава, пак, во споредба со истиот месец од 2025-та, угостителските услуги се поскапени за 2.4 %.
Споредено со февруари годинава, цените се зголемени за 0.1 %.