Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски информираше дека сторителот за палењето на двете возила на бугарската амбасада е брзо идентификуван и приведен, во координација со безбедносните служби. Тој порача дека насилството е недозволиво и најави дека случајот, според информациите од СВР Скопје, ќе се води по итна постапка.