
Капитенот на хрватската репрезентација Лука Модриќ е подготвен да стави крај на кариерата по завршување на Светското првенство во 2026 година, објави денеска добро информираниот новинар Николо Шира.
Според истиот извор, 40-годишниот Модриќ веќе постигнал договор со неговиот поранешен клуб Реал Мадрид да заземе позиција во клубот по завршувањето на кариерата.