
Затворите во Чешка одново се речиси полни само 2,5 години откако беше објавена масовна амнестија и беа ослободени две третини од тогашните затвореници, јави ДПА.
Бројот на затвореници е над 20.000 од почетокот на јули. Тоа значи дека се „заземени“ 98 отсто од местата во чешките затвори, објави весникот Право.