MENI

Проширување на улиците во Маџари

Нема да има доцнење на градежните работи во Скопје поради топлото време. Градот ќе ги почитува препораките на министерството за труд, но сепак роковите нема да бидат пробиени вели градоначалникот.

Работниците ќе бидат ослободени од активности во периодот од 12 до 17 часот, но Трајановски очекува оваа препорака да трае не повеќе од една недела.

Денеска отпочна и проширувањето на улицата „Благоја Стефковски“ во Маџари.

Потегот кај киното кој е тесно грло за жителите на Гази Баба и околните општини , надлежните очкуваат да биде готов за два месеци.

Pages