Единствените тројца кои биле во куќата додека е извршено двојното убиство во Козле ги минаа полиграфските тестирања. Ниту сопругата на убиениот, нуту нејзините родители не покажале сомнително однесување, а апартите регистрирале дека ја говорат вистината. Ова барем засега ги исклучува од листата на осомничени.
Во полициска станица на разговор вчера биле повикани повеќе лица поврзани со семејството во чија куќа вчера утрото беа пронајдени убиените турски државјани. Но полицијата се уште останува без одговор кој го сторил делото двојно убиство.