Околу 20 часот синоќа во Скопје во ГТЦ, во казиното „Д-Слот“, засега непознат сторител маскиран со фантомка на главата и вооружен со пиштол, извршил разбојништво при што одзел 140.000 денари од дневниот промет, а потоа го напуштил местото на настанот.