Оваа влада нема да издржи до 2028 година, смета опозицискиот лидер Венко Филипче. Својата претпоставка ја темели на ставот дека власта е сконцентрирана исклучиво на сопствените интереси. Тој го одби и предлогот на Мицкоски техничката влада да важи и за наредните избори. Филипче вели дека пржинската влада мора да остане.
Мицкоски, пак, вели дека предлогот за пржинската влада е таков затоа што токму Филипче го барал, додавајќи дека таа, според него, воопшто не ѝ е потребна на Македонија.
Тој останува на ставот дека засега се потребни редовни, а не предвремени избори.