Граѓаните да бидат спокојни - енергетска криза нема да има. Владата утре се очекува да ги активира стоковите резерви, каде се чуваат доволни количини на јаглен и мазут за снабдување во следните 47 дена, уверува министерката за енерегетика Божиновска.
Блокадата на грчките земјоделци, која трае речиси еден месец, ја отежна набавката на потребните енергенси за производство на електрична енергија. Затоа државната ЕСМ со писмо до Владата бара да се прогласи кризна состојба.