
Сообраќајот на патниот правец Свети Николе - Штип денеска ќе биде пренасочен на делницата од клучка кај село Кадрифаково од регионалниот пат 526 на магистрален пат А3 и обратно до Клучка кај село Три Чешми по новоизградената коловозна лента.
Пренасочувањето ќе се врши од 14 часот поради изведување градежни работи на магистралниот пат А4 делница Свети Николе - Штип.