
Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно, а во западните делови ќе има врнежи од дожд. Попладне услови за дожд ќе има и во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени Целзиусови.