
Во двор од куќа лоцирана на улица „8 Ноември“ во Неготино, вчера околу 18 часот шестгодишно девојче од Неготино додека си играло се качило на земјоделска механизација „вум“ која била потпрена на бетонски ѕид и не била стабилна, соопшти МВР.
Во еден момент механизацијата паднала и го потиснала детето.
Девојчето било пренесена во ЈЗУ Општа болница Велес, каде им подлегнала на повредите.