
Обележано возило на Црвениот крст патролира низ најфреквентните улици во општина Кисела Вода. На граѓаните им се дели студена вода за пиење, се даваат медицински совети на граѓани кои ќе се пожалат на тегоби, а за потешки случаи е обезбеден и транспорт до нивниот дом.