
Врховниот командант и духовен лидер на талибанците мула Омар е мртов, потврдија извори од Владата во Авганистан.
Би-Би-Си потсетува дека и претходно се појавувале информации за смртта на мула Омар, кои се покажаа како неточни, но ова е првпат Владата да ја потврди информацијата.
Милитантите засега не ја коментираа информацијата.