По повод обвинувањата за „местенка“ на првенствениот дуел ОФК Београд- Црвена Звезда кој заврши со чуден резултат од 2-6 по водството на домаќините од 2-0, директорот на црвено-белите Звездан Терзиќ излезе пред новинарите на прес конференција и демантираше дека имало било какви уплати на обложувалници од страна на припадници на клубот на овој меч.