Ефикасен систем за наводување за подобри услови и производство во земјоделствотво. Од први октомври стартува со работа Акционерското друштво Водостопанство кое ќе управува со сите системи за наводнување. Централизацијата на 12-те водостопанства се очекува да ги надмине слабостите во системски, технички, финансиски и организациски апсект. Годишно ќе се вложуваат по 20 милиони евра за модернизација и развој на системите а акцент ќе биде ставен и на навремено чистење на каналите кои и при помало невреме предизвикуваа поплави.