Фудбалската Федерација на Македонија во период до 25. август 2015 година ќе овозможи сите љубители на репрезентативниот фудбал да купат по промотивна цена билет за натпреварот на Македонија против Шпанија, една од најдобрите репрезентации во светот. Најголемиот дел од билетите се со цена од 150 денари на источната и западната трибина, до 300 денари на северниот и јужниот дел од трибината. Сосема мал дел од билетите ќе бидат со цена од 400 денари.