
Државниот сектор во Грција денеска е блокиран заради 24-часовен штрајк на вработените по повик на нивниот синдикат. Тие ќе протестираат против новите економски мерки за кои оваа недела беше постигнат договор во Брисел.
Грчкиот парламент денеска ќе гласа за тие мерки со кои е обврзан нов тригодишен заем за Грција.