Зоран Димески, 41-годишен работник во Фабриката за преработка на мермер и гранит “Ла Писчина” од Прилеп, синоќа околу 19.30 часот, го згуби животот откако врз него паднал двотонски мермерен блок. Во трагичниот настан тешко е повреден 54-годишниот Жарко Стефаноски, кој е хиспитализиран во прилепската Болница, и според последните информации, и покрај тежината на повредите, тој, за среќа, е надвор од животна опасност. Неофицијало, повредениот Стефаноски е и сопственик на Фабриката, кој во моментот на страшната несреќа помагал при утоварот на мермерните блокови во товарно возило.