
Здружението на граѓани НЕФРОН денеска по четврти пат во Македонија ќе го одбележи Европскиот ден на органодарителство.
На одбележувањето ќе присуствуваат претставници од Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување, клиниките за нефрологија и урологија, КАРИЛ, како и органодарители кои ќе ги споделат своите искуства.