MENI

Во 12 сообраќајки во Скопје, петорица повредени

Во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 12 сообраќајни незгоди.

Од нив, четири се со последица материјална штета и пет се со последица телесна повреда, во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило, еден пешак, еден велосипедист и еден возач на мопед.

Pages