Два пати во 24 часовен период жителите на Тетово се соочуваат со рестрикција во водоснабдувањето. Намалувањето на издашноста на изворите на Шар Планина била причина вака да се регулира дотокот на водата за пиење, велат во комуналното претријатие.
Граѓаните се снаоѓаат- полнат шишиња и резервоари, купуваат вода и слично.
Тетовчани веќе со децении очекуваат да се доврши изградбата на нов систем со кој од планиските реки до градската мрежа треба да се донесат нови количини на вода.