Повеќе вработени помалку пензионери. Просечно двајца вработени кај нас работат за еден пензионер, поточно соодносот вработен/пензионер е 1,84/ вработен на 1 корисник на пензија. Ова е всушност односот помеѓу вработени што плаќаат придонеси за пензиско осигурување наспроти оние кои земаат пензија и во Македонија тој е подобар отколку во земјите од регионот. Дополнително, според податоците на министерстовот за труд, трендот на намалување на соодност вработени/пензиоенри е запрен и не се намалува од 2011 наваму.