Поквалитетни анализи и вештачења на доказите , МВР доби модерна опрема и нови капацитети за складирање на доказниот материјал. САД со донација од 200 илјади долари овозможи целосно реновирање на објектот каде се чуваат доказите.
Со новите методи полесно ќе бидат собирани,ракувани и обработени. Променет е и концептот на означување на доказите со поединечен бар код кој на службите ќе им овозможи следење во реално време.