
Британскиот музичар и член на некогашната популарна група „Битлси“, Пол Макартни призна дека бил фрустриран со фактот дека Џон Ленон добил статус на „маченик“ откако беше убиен.
Во интервју на американското списание „Ескваер“, легендарниот музичар вели дека насилната смрт на Ленон многу тешко влијаела на него и другите членови на „Битлси“, како и врз нивната кариера.