Уште тројца ученици од средното училиште Арсени Јовков доцна синоќа побарале лекарска помош на Токсикологија. И тие се жалеле на иритирачко кашлање, печење на грлото и солзење на очите. Со слични симптоми на труење од засега непознат гас вчера попладне на Клиниката беа примени 10 средношколци и еден професор, а во 8 септември завршиле три ученички. Сите 17 пациенти од економско правното училиште се во стабилна сосотојба и пуштени се дома.