Граѓаните револтирани по серијата лаги на лидерот на СДСМ Зоран Заев по посетата на Израел. Велат дека овој скандал не се срам само за него и неговата партија, туку за македонската држава и целиот народ.
Ваквите реакции следат по изјавата на Заев дека на средбата со министерот за внатрешни работи на Израел Силван Шалом добил материјали за наводни криминални набавки на македонската влада, по што експресно беше демантиран од самиот министер.