Со парче метал во срцето велешанец завршил во операционата сала на Државната кардиохирургија. Лекарите во последен момент му го спасиле животот. Додека хирурзите од неговото тело го ваделе предметот голем 4 сантиметри, пациентот бил приклучен на вештачко срце. По неколку часовна борба , несреќата имала среќен крај. Тешко повредениот сега е во стабилна состојба на интензивна нега и не е веќе на апарати за дишење.