MENI

Се обновува коловозот на улицата „Тасино Чешмиче“

Општина Центар започна со реконструкција на коловозот на ул. Тасино Чешмиче, на површина од 1.600 м2.

- Се гребе стариот коловоз, кој беше во очајно лоша состојба и со деформации. Граѓаните бараа квалитетно и долгорочно решение и сега се задоволни, со тоа што ќе добијат комплетно нов коловоз. Ќе се нивелираат пропаднатите постоечки шахти и сливници, соопштуваат од општина Центар.

Pages