Договорот од Пржино ќе се испочитува така како што е потпишан. Нема да дозволиме да биде основа за нови преговори и нови барања на СДСМ со кои би се продлабочила кризата. Единствената цел на континуираното испорачување на нови барање е бегањето од избори.
Ова го одговори пратеникот Андон Чибишев од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција како реакција на обвинувањата на СДСМ дека владејачката партија го крши договорот од Пржино.