
Пожар на ожнеано поле попладнево избувна во атарот на населеното место Трубарево, скопско. Пожарот е изгаснат.
Како што изјави за МИА командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје Благоја Менковски пожарот на стрништето кој, според него, најверојатно е предизвикан од човечки фактор е изгаснат од пожарникарите од станицата во Драчево.