Фондот за здравствено осигурување телефонски ќе ги потсетува хронично болните да одат на лекар. 154 531 дијабетичари и лица со кардиолошки и нефролошки заболувања ќе добијат повик, смс или порака на меил дека мора да одат на редовни контроли да ја пијат терапијата но и ќе слушнат кои се компликациите од болеста доколку не се дисциплинирани. 10 тимови од ФЗОМ од први октомври ќе бидат во директна комуникација со овие осигуреници преку кол центарот.