
Тројца припадници на полицијата добиле отказ, а уште девет се казнети по спроведени дисциплински постапки заради сторени повреди во работењето.
Како што соопшти МВР, двајца од отпуштените сториле кривично дело, а еден добил отказ бидејќи три дена не се појавил на работното место.