
Сезонските работници од општина Ѓорче Петров ја косат тревата и го средуваат зеленилото на повеќе локации.
Во рамки на акцијата денеска се извршило чистење, косење трева и собирање отпад на потегот од стадионот „Млади лавови“ во должина од 500 метри. Екипите ги уредувале зелените површини и пешачките патеки покрај насипот, а се собирал и сметот со цел да се намалат дивите депонии.