
Позитивната атмосфера може да биде само предност на двете страни и верувам дека во соодветен момент ќе се создадат услови да направиме чекор понатаму, а тоа е да разгледуваме варијанти на можни решенија на проблемот, изјави премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање за впечатоците од вчерашната средба со грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас.