Нов закон за пензионирање на рударите предлага ВМРО-ДПМНЕ. Пратеничката група на опозициската партија најавува дека Законот за остварување право на пензија за работниците во рудараството, ќе го достави до Собранието во вторник. Ваквиот предлог за измени во законот за пензионирање на рударите го најави пратеничката Слаѓана Митовска преку својот фејсбук профил. Таа пишува дека изготвениот закон од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, има цел да го награди трудот и ризикот со кој се соочуваат рударите на своите работни места.