MENI

Донација во опрема од ИОМ за МВР во рамки на справувањето со мигрантската криза

Меѓународната организација за миграции (ИОМ) му донира на Министерството за внатрешни работи 10 рачни термални камери за набљудување и еден сет алат неопходен за одржување на опремата во вредност од 84.529 евра. Договорот за донација денеска го потпишаа државниот секретар во МВР Магдалена Несторовска и шефот на канцеларијата на ИОМ Скопје Соња Божиновска-Петрушевска. 

Pages