Опозицијата смета дека Владата веќе доцни со преземање чекори и дека како резултат на инертноста ќе дојде до поскапување на сите производи и висока инфлација.
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче попладнево презентираше три предлог-мерки кои смета дека државата може да ги преземе за ублажување на ценовниот шок.