Вчера во 13:30 часот, 83-годишен битолчанец пријавил дека бил измамен за 10.000 евра. Според пријавата, непознато лице му се јавило по телефон, се претставило како лекар и тврдело дека неговата внука паднала по скали и има тешки повреди, поради што била потребна итна операција.