Во Кочани наплатата на данокот на имот за 10,7 отсто повеќе во однос на облогот
Во општина Кочани минатата година со решенија за данок на имот биле задолжени 11.082 даночни обврзника. Висината на облогот изнесувал 11.019.222 денара, а до 1 декември 2016 како што информираше на денешната прес-кофнернеција градоначалникот на Општината Ратко Димитров се наплатени за 10,7 проценти повеќе во однос на облогот.
- Ваквата одлична наплата на данокот на имот од физички лица е резултат на воведување даночна дисциплина преку информирањето на граѓаните за неопходноста од плаќањето на даноците заради нормално функционирање на Општината и користење на средствата собрани по овој основ за решавање на значајни инфраструктурни и други комунални прашања. Даночната дисциплина е резултат и на можноста за присилна наплата на долгот и со забрана за користење на средствата на даночниот обврзник од неговите сметки, истакна Димитровски.
Со решенија за данок на имот на правни лица, минатата 2016 година биле задолжени 237 даночни обврзници. Од облогот - 3.853.206 денари се наплатени 75,6 отсто или 2.916.419 денари. Во споредба со 2014 година овој облог е зголемен за 1.169.385 денари, а наплатата за 241.175 денари.
Во споредба со претходните две години, додаде тој, наплатените побарувања во апсолутен износ се зголемени за една третина што е резултат на зголемувањето на облогот по основ на самопријавување и на новооткриени даночни обврзници како и со точно утврдување на вредноста на недвижниот имот на обврзниците. Овој тренд резултира со зголемување на облогот во 2017 година, во споредба со лани за 442.446 денари.
Во 2016 година со решенија за комунална такса-фирмарина се задолжени 2.030 обврзници, од кои 1.604 се правни лица, а 426 се самостојни вршители на дејност. Облогот е 9.405.000 денари, од кои се наплатени 44 проценти или 4.140.607 денари.
Податоците на Одделението за даноци во Општина Кочани покажуваат дека постои тренд на опаѓање на бројот на обврзниците за фирмарина. Тие се помалку за 631 односно за 23 отсто во однос на 2015 година, што доведува до намалување на облогот. Намалената наплата за 12,3 проценти за правните лица и за 1,2 проценти за самостојните вршители на дејност е последица на неизвршената присилна наплата и на намалувањето на бројот на даночни обврзници.
Градоначалникот Димитровски информираше дека е започната доставата на решенијата за данок. За 2017 година се изработени 11. 639 решенија за данок на имот на физички лица. Повеќе од половината досега се доставени до обврзниците преку овластени лица од Општината.
Ново на Сител
-
Забрана за товарни возила на Стража, Ѓавато и Маврово, задолжителна зимска опрема на патот Тетово-Попова Шапка
-
OJO: Предлог притвор за лицата кои се заканувале со оружје и експлозиви, па одзеле пари од продавницата „Нептун“
-
Мицотакис: Верувам дека Северна Македонија ќе сфати дека не во нејзин интерес да го следи ставот што создава проблеми со Грција
-
Романците денеска излегуваат на парламентарни избори во атмосфера на политички превирања
-
Трамп го нoминира лојалниот Каш Пател за шеф на ФБИ
-
Европската комисија „Фон дер Лајен 2“ стапува на должност
-
Македонските ракометарки го освоија првиот бод на ЕП 2024
-
Облачно со повремени врнежи од дожд и снег