-->
-->
Серена против Венус Вилијамс во финалето на Австралија Опен
-->
Сестрите Серена и Венус Вилијамс ќе играат во финалето на Отвореното тениско првенство на Австралија по денешните победи над своите ривалки во полуфиналните дуели.
Прво Серена на убедлив начин ја победи Хрватката Мирјана Лучиќ-Барони со 2-0, по сетови 6:2 и 6:1. За шесткратната освојувачка на Грен слемот во Мелбурн ова ќе биде осмо финале на АО.
На вториот полуфинален дуел рано утрово Венус одигра три сета на мечот со сонародничката од САД Коко Вандевеге. Таа победи со 2-1, по сетови 6:7, 6:2 и 6:3 и по 14 години повторно ќе се бори за трофејот во Мелбурн.
За тоа кој ќе биде победник на Австралија Опен, Венус и Серена Вилијамс ќе одлучат в сабота наутро (почеток 9:30 часот) кога по 28-ми пат ќе играат меѓусебно во финале на некој турнир.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Oрбан: Грешка е што преговорите на Северна Македонија со ЕУ се’ уште не се започнати
-
Ученици од ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ со симптоми на труење
-
Со возило излетал од пат во Ѓорче Петров, загина 72-годишник
-
Турски државјанин приведен на Деве Баир
-
Прегазен малолетник во Чаир
-
Од недела дожд, засилен ветер и значителен пад на температурата
-
Викендов стапува на сила Законот за нефер трговски практики, се очекува намалување на цените
-
Намалени водостоите на езерата