Ноќ полна несреќи во Скопје
Девет сообраќајни несреќи се регистрирани во изминатото деноноќие во Скопје. Во три од нив со полесни повреди се здобиле 12 лица, а во шест причинета е само материјална штета.
Како што информираа за МИА од СВР - Скопје, сообраќајната полиција санкционирала 11 лица кои возеле без возачка дозвола, односно нерегистрирано возило, шест возачи кои не користеле сигурносен појас или користеле мобилен телефон, 10 не се придржувале кон ограничувањата, забраните и обврските изразени со поставените сообраќајни знаци, а 47 имале непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило пајак, во текот вчерашниот ден отстранети се 75 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како пешачкиот така и моторниот сообраќај.
Во рамките на проектот „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ денеска Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници со уленици од второ одделение во ООУ „11 Октомври“ во општина Центар.
Ново на Сител
-
Алкалоид осминафиналист во Европскиот куп
-
Во Грузија и вечерва продолжија антивладините протести
-
ФФМ: Одложени натпреварите од 17. коло во ПМФЛ
-
Семејна драма во Штип: Мајка ја нападнала ќерка си
-
Поради снег забрани за тешки товарни возила на патот Кичево - Охрид и кај Плетвар
-
Малолетник од Скопје со нож се заканувал на соученици
-
Прегазен пешак во Битола, итно пренесен на Клиника
-
Одредена мерка притвор за тројцата учесници во инцидентите во Скопје