МОСТ ќе ги следи изборите со 3.300 набљудувачи
Граѓанската асоцијација МОСТ за набљудување на изборниот процес и на денот на гласањето ќе ангажира околу 3.300 набљудувачи на целата територија на Република Македонија.
За таа цел МОСТ ги повикува граѓаните, лично, да се пријават во 18-те регионални канцеларии низ целата држава кои ќе бидат отворени од 10 до 18 часот. Податоците со контакт информации за регионалните канцеларии, информираат од МОСТ, ќе можат да се пронајдат на на нивната интернет страница.
За пријавените граѓани ќе биде организирана специјална обука, а потоа ќе бидат распоредени на гласачките места како набљудувачи.
Од МОСТ најавува дека набљудувач во мисијата на Граѓанската асоцијација може да биде секој граѓанин со право на глас, кој е подготвен непартиски, непристрасно и објективно да го набљудува процесот и да известува за наодите. При селектирањето на набљудувачите предност ќе имаат оние кои во веќе биле ангажирани како набљудувачи на МОСТ на претходните изборни процеси.
Граѓанската асоцијација МОСТ проектот го спроведува согласно меѓународно признатите стандарди за домашно набљудување на изборите.
Проектот „Домашно набљудување на предвремените парламентарни избори 2016“ е поддржан од Амбасадата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, УСАИД преку Националниот демократски институт, Швајцарската агенција за развој и соработка, Амбасадата на Кралството Холандија и Националниот фонд за демократија.
Од МОСТ наведуваат дека нерегуларности ќе може да се пријавуваат на бесплатната телефонска линија 080 080 080.
Ново на Сител
-
732 санкции за сообраќајни прекршоци во текот на вчерашниот ден
-
Работнички последен полуфиналист во одбојкарскиот Куп
-
Приведени двајца дилери од Битола, пронајдена дрога
-
Холивудската легенда Џин Хекман и неговата сопруга пронајдени мртви, се води истрага
-
При изведување градежни работи, пронајдени 145 артилериски гранати во Битола
-
Распродадени сите билети за завршниот турнир во Евролигата
-
Краделе нафта од паркирано возило, уапсени крадци во Кавадарци
-
МНР: Девет амбасадори известени за завршување на мандатот