За оваа свадба дозна целиот свет
Свадбата на Џејмс Ластид и Клои Робертс влезе во документарна емисија.
28 годишниот актер Џејмс Ластид е висок само нешто повеќе од еден метар, а неговата сопруга со која се ожени во август годинава, 22 годишната Клои Робертс, има 1 метар и 70 сантиметри. По нивната свадба Би Би Си сними документарец со наслов: Роден мал: Венчавање!
Џејмс и Клои од Колвин Беј се заедно три години.
– Клои и јас се запознавме во 2012 кога јас го носев Олимпискиот оган. Веднаш се спријателивме и долго време бевме пријатели, додека да сфатиме дека имаме чувства еден за друг – раскажува Џејмс.
– И предложив брак на 28 август 2014 година, а денот на нашата венчавка 2 години подоцна беше едноставно совршен! Бевме на меден месец во Доминиканската Република и тоа беше феноменално. Сега сме сконцентрирани на нашиот нов дом – вели Џејмс кој признава дека со сопругата зборувале за планови да имаат деца.
Клои сега ќе студира за да стане наставничка. И ова досега и се останато во приказната е како за секој нормален млад вљубен пар.
Ново на Сител
-
Алкалоид осминафиналист во Европскиот куп
-
Во Грузија и вечерва продолжија антивладините протести
-
ФФМ: Одложени натпреварите од 17. коло во ПМФЛ
-
Семејна драма во Штип: Мајка ја нападнала ќерка си
-
Поради снег забрани за тешки товарни возила на патот Кичево - Охрид и кај Плетвар
-
Малолетник од Скопје со нож се заканувал на соученици
-
Прегазен пешак во Битола, итно пренесен на Клиника
-
Одредена мерка притвор за тројцата учесници во инцидентите во Скопје