Ослободен ирачкиот христијански град Хамданија
Ирачките сили ја презедоа контролата над христијанскиот град Хамданија, во близина на Мосул, кој претходните две години беше под бруталното владеење на т.н. Исламска држава, јави Си-Ен-Ен.
Мултиетничката коалиција, пртедводена од САД од понеделникот спроведува офанзива на Мосул, за време на која од џихадисти исчисти големи делови од провинцијата Ниневех, во која живеат христијани, курди, јазиди, Туркмени, сунити и шиити.
Командантот на ирачките копнени сили, генерал Ријад Џалал за ирачката државна телевизија ал Иракија ТВ изјави дека е ослободен градот Хамданија, како и тоа дека властите сега се во процес на враќање на локалните функционери, со цел повторно да бидат отворени главните јавни институции и да се направи план за поправање на инфраструктурата.
Ирачките сили и христијанска паравоена група во Хамданија влегоа во средата, но во текот на следните неколку денови борците од ИД пружиле силен отпор. Ирачките сили потоа ги потиснале џихадистите во центарот, каде ги неутрализирале со помош на воздушни удари изведени од коалицијата.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Унгарија е наш стратешки сојузник, продолжува економската соработка помеѓу двете држави
-
ДЗС и Народна Банка потпишаа договор за соработка и размена на податоци
-
Oрбан: Грешка е што преговорите на Северна Македонија со ЕУ се’ уште не се започнати
-
Ученици од ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ со симптоми на труење
-
Со возило излетал од пат во Ѓорче Петров, загина 72-годишник
-
Турски државјанин приведен на Деве Баир
-
Прегазен малолетник во Чаир
-
Од недела дожд, засилен ветер и значителен пад на температурата