Фудбал
8. October 2016 - 9:28

Икарди уште 5 години во Интер

Интер успеа да го задржи Мауро Икарди, откако капитенот потпиша нов договор кој важи до 2021 година. За Аргентинецот во летниот преоден рок интерес покажуваа неколку англиски тимови и Наполи.
 
Икарди потпиша нов договор со Интер и стана еден од најплатените играчи во Серија А. Според новиот договор напаѓачот ќе има годишна плата од 5,5 милиони евра. Наведената сума може да биде и поголема во зависност од бонусите кои се вметнати во договорот: на секои десет постигнати голови ќе добива по 200.000 евра, пласман на Интер во Лигата на шампионите ќе му донесе исто така 200.000 евра, а титулата во Серија А 150.000 евра.  
 
Во договорот стои и клаузлата дека Икарди ќе може да го напушти клубот доколку некој издвои 110 милиони евра.
 
Икарди во Интер пристигна во 2013 година од Сампдорија и досега има постигнато 58 голови.