-->
-->
Во Крива Паланка запишани 202 првачиња
-->
Двесте и две првачиња се запишани во основните училишта во Крива Паланка. Во ООУ „Јаоким Крчовски“ запишани се 101 ученик, од кои 93 во матичното училиште, а другите осум ќе посетуваат настава во подрачните училишта. Во централниот објект на ООУ „Илинден“ настава ќе посетуваат 69 првачиња, останатите 32 ќе учат во подрачните училишта на „Илинден“ и тоа 22 во село Конопница и 10 во село Мождивњак.
На свечениот прием на првчињата им беше поделен училишен прибор, а учениците од постарите генерации приредија кратка приредба,
Според директорот на основното училишите „Јоаким Осоговски“ Драган Ристовски, во тоа училиште е зголемен бројот на запишани првачиња.
- На првачињата им посакувам успешен почеток во образованието. Извршени се дезинфекција, дезинсекција, дератизација, реконструкции, при што сме подоготвени да ги примиме сите ученици. Оваа година за разлика од претходната, зголемен е бројот на запишани првачиња за 23 ученика“, изјави Драган Ристовски, директор на ООУ „Јоаким Крчовски“.
Директорот на ОООУ „Илинден“ Оливер Дејановски, пак, рече дека првачињата ги имаат соодветните услови за нов почеток. - Ги имаат сите услови за учење и функционирање на воспитно – образовниот процес. По новата програма по Кембриџ, учениците имаат повеќе активности при што ќе се стекнат со многу знаења, изјави Дејановски.
- Се надевам дека оваа генрација ќе биде успешна, како и сите други генарации во Крива Паланка. Сакам да им посакам успех, радост во текот на образованието. Во името на општина Крива Паланка, им посакавам се најубаво, ние како општина ќе се грижиме за нив, а наставниците ќе ве подучуваат за да бидете совесни граѓани, рече Арсенчо Алексовски, градоначалник на општина Крива Паланка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Курти: Сите одлуки во надворешната политика ги носам во договор со Османи, Коњуфца и Гервала
-
Од понеделник почнува имплементација на планот за справување со корупцијата во правосудството, најави премиерот
-
Соработката на Министерството за локална самоуправа и Мировниот корпус на САД потврдена со потпишување на Меморандум
-
Мицкоски: Владата ќе одговори жестоко на сите провокации и обиди да се дестабилизира мирот и безбедноста во државата
-
Кина откри најголемо наоѓалиште на злато со проценета вредност од 76 милијарди евра
-
Блокирана е сметката на ЈСП
-
Премиерот Мицкоски очекува минимално зголемување на цената на струјата
-
Трамп го честиташе Денот на благодарност и на „радикално левите лудаци“