Во Шкотска уапсени пијани американски пилоти
Двајца пилоти на американската кмпаниа „Јунајтед Ерлајнс“ се уапсени во Глазгов, затоа што сакала во пијана состојба да управуваат со авионот на неговата редовна линија од овој шкотски град до Њујорк.
Пилотите на возраст од 35 и 45 години, биле уапсени во пилотската кабина, додека се подготвувале за летот.
Авионот имал 141 патник и десетина членови на екипажот.
Летот на „Јунајтед Ерлајнс“ бил запрен, па авионот наместо да полета претпладнето за САД летнал дури вечерта, откако компанијата обезбедила двајца други и трезни пилоти.
Според шкотските закони, како кривично дело се смета управување со превозно средство во јавниот сообраќај во алкохолизирана состојба.
Авионската компанија соопшти дека двајцата пилоти се суспендирани од работа и против нив е отворена истрага за инцидентот.
Ова не е прв случај со пијани пилоти на глазговскиот аеродром.
Минтиот месец, беа уапсени двајца канадски пилоти и изведени пред судење, затоа што се фатени пијани како се подготвуваат да полетаат за Канада. Авионот со кој требало да го управуваат имало 345 патници и деветмина членови на екипажот.
Ново на Сител
-
Одредена мерка притвор за тројцата учесници во инцидентите во Скопје
-
До април 2025 година ќе почнат градежните работи за третата фаза за Старата скопска чаршија, најави Меџити
-
Меџити за инцидентите на Денот на албанското знаме: Ќе одговараат сите кои го прекршиле законот
-
Македонец за 3,000 евра месечно отишол да се бори за руската војска во Украина
-
Пуштено во употреба метрото во Солун
-
Уапсени велешани со еден килограм кокаин | ФОТО
-
И утре облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
-
ЦУК: До 11 часот сите патни правци во државава се проодни, освен планиските делови