Македонија
13. August 2016 - 13:58

Кавадаречките уметници се вклучуваат во хуманитарната акција за помош на поплавените

Кавадаречките уметници се вклучуваат во хуманитарната акција за помош на поплавените. Како што информираше денеска Владимир Темков, директор на Домот на културата „Иван Мазов-Климе“, Кавадарци се вклучува во хуманата мисија на Министерството за култура на Република Македонија, за помош на населението од подрачјата погодени од природната непогода.

- Преку аукција на уметнички дела својата хуманост ќе ја искажат ликовните уметници кои ќе бидат дел од најголемата ликовна колонија „Кавадарци 2016“, која од 19 до 27 август ќе се оддржи во хотелот „Уни Палас 2“ во Кавадарци, соопшти Темков.

Сите учесници на колонијата која е во организација на Домот на културата „Иван Мазов - Климе“, а е финансиски поддржана од градоначалникот и Советот на општина Кавадарци, ќе ги отстапат сите дела кои ќе бидат создадени,  за да бидат дел од аукциска продажба. Сите собрани средства ќе бидат донирани на семејствата од поплавените подрачја.

Дополнително, финансии ќе се донираат и на џез фестивалот кој годинава е во рамки на ликовната колонија „Кавадарци 2016“.