Македонија
7. August 2016 - 18:12

Твитерџиите организираат пунк пред Веро центар за собирање помош за поплавите

Граѓаните преку социјалните мрежи  организира пункт со цел да соберат помош за поплавените по синоќешното силно невреме кое го зафати Скопје.Пунктот беше отворен во 13 часот пред Веро Центар во населбата Аеродром,а ги повикуваат сите граѓани да се приклучат во акцијата за да помогнат на луѓето од поплавените подрачја.

-Секој што има можност да дојде со возило ќе биде добродојдено препорачливо дизел- изјави Драган Додевски

Организаторите нагласуваат дека во моментов најпотребно е флаширана вода за пиење, спакувана храна и пелени за бебиња.